Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

ТРЕНИНЗИ

Skip Navigation LinksПочетна - Услуги - Тренинзи


Обуките се една од основните услуги на DeSo. DeSo има свој компјутерски центар во центарот на Скопје каде секојдневно се оддржуваат обуки . Утрата се резервирани за кратки обуки пред се посетувани од институционални клиенти и корисници, додека во попладневните часови компјутерскиот центар е полн со претежно млади луѓе кои вложуваат во своите вештини и образование.

DeSo е најдобро познат по своите програми за обука поврзани со менаџирање на ЕУ проекти, но сепак многу од другите обуки за управување кои ги нуди, како што се Project Мanagement или Office Мanagement, се многу популарни. Преку 1.200 индивидуални и 300 институционални клиенти ги посетиле различните програми за обука на DeSo во минатиот период.
 
DeSo ги нуди своите обуки по пазарни цени на пошироката јавност, но сепак, повремено има барања да дизајнира програми за обука прилагодени за различните клиенти. DeSo обучувачите често се барани да одржуваат обуки на настани (семинари, работилници) организирани од различни јавни и приватни организации.
 



Дополнителни услуги

Помош при организација на настани (Help with Event Organization)
 
ДеСо е акредитирана организација за локална поддршка за насатани (семинари, конференции) организирани од страна на Европската Комисија. Персоналот на ДеСо има големо искуство со организација на настани и располага со контакти кои нудат најразлични услуги при организација на настани (превод, опрема, кетеринг, итн.). Покрај изајмувањето на нашата опрема, истот така може да не ангажирате за организација на вашите настани ширум земјата. In addition to hiring our equipment (laptop rental), you can also hire us to help you organize your events in venues across the country. Доколку сте заинтересирани за помош при организација на настани, може да не контактирате на office@deso.mk, или пак на канцелариските телефони.
 

 

 


Селектирани проекти

 

Empowering Relevant Actors for Social Incusion at Local Level ( EuropeAid/127054/C/SER/multi)

Овој проект беше имплементиран од страна на Cambridge Education и вклучуваше обезбедување на обука на претставници на општини и невладини организации за социјална вклученост, вработување на ранливи групи, и развој на ефективни предлози на ЕУ проекти за подобрување на социјалната вклученост. Вклученоста на DeSo во проектот се состоеше од обезбедување на 1 помлад експерт задолжен за спроведување на обуки. Задачите вклучуваа учество во анализа на потребите на обуката (лични интервјуа и фокус групи со потенцијални учесници); подготовка на обемна програма за обука за 5 дневна обука (социјална вклученост, управување со проектниот циклус, вработување на ранливи групи); доставување на 25 дена обука во 5 градови во целата земја. (Клиент: Cambridge Education, UK)



Mavrovo Business Start-Up Training and Business Mentoring

Проектот вклучуваше испорака на 2 месечен курс за обука на започнување на бизнис и организација на менторирање за нови бизниси во областа на Националниот Парк Маврово.
Проектот вклучуваше 2 месечна обука (еднаш неделно по 3 часа) за основите на започнување на бизнис и управување на бизнис, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: правни аспекти, финансиски аспекти, сметководствени аспекти на водење на микро претпријатие; развој на производи, маркетинг, дистрибуција, итн. Процесот на обука исто така вклучувапе континуирано работење на индивидуални бизнис планови.
По завршувањето на обуката, 8 бизнис планови беа финансирани со почетен капитал од од 6.000 до 8.000 Евра од страна на клиентот. Започнатите бизниси добија менторска поддршка, и поддршка во маркетинг и продажба на нивните производи (Клиент: Gruppo Volontariato Civile,GVC), Italy).


Regional Training in EU Project Cycle Management

Организација и доставување на 3 дневна работилница за управување со проектен циклус за персоналот и партнерите на Националната агенција за регионален развој од Србија, вклучувајќи и претставници од партнерски агенции од регионот. Работилницата комбинираше напредна обука за концепти на проектен менаџмент со инструменти и презентации од одбрани ЕУ програми, како што се Competitivness and Innovation Program (CIP), Southeast Europe Transnational Cooperation Program, итн. (Клиент: National Agency for Regional Development, Serbia)