Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

Skip Navigation LinksПочетна - Услуги - Истражувања

 

DeSo спроведува високо квалитетни истражувања по барање на клиенти, како и врз основа на приоритети идентификувани од страна на DeSo истражувачи, и потоа понудени по пазарни цени на потенцијални клиенти и на пошироката публика. DeSo исто така спроведува истражувања од јавен интерес финансирани од проекти. DeSo има големо искуство со социјални и економски истражувања кои се од теоретска и политичка релевантност, како и со маркетинг истражувања  за специфичните потреби на клиентите

Неодамнешни истражувања спроведени од страна на DeSo беа фокусирани на прашања како што е корупцијата (регионално анкетирање на 2.000 бизнис менаџери во земјите од екс-Југославија), пристап до финансиски ризик за мали и средни претпријатија (анкетирање на бизнис ангели и менаџери на фондови за вложување капитал), многуте димензии на социјална вклученост, компаративна анализа на трошоците за греење, и многу други.

 

Селектирани проекти



Survey of Viewer Ratings of Documentary Series on Agricultural Modernization in the Republic of Macedonia

Проектот се состои од 3 телефонски анкетирања, секое на репрезентативен примерок од 850 домаќинства вклучени во
земјоделско производство, изберени по случаен избор. DeSo е целосно одговорна за сите аспекти на истражувањето вклучувајќи го развивањето на прашалникот, создавање на примерок, и произведувањето на финален извештај.



Research On Investment Readiness Of MSMEs In Southest Europe

Спроведување на регионално квалитативно истражување за подготвеноста   на микро, мали, и средните претпријатија (MSMEs) од 7 земји во Југоисточна Европа, за прибавување на т.н. ризичен капитал  . Истражувањето вклучуваше низа на квалитативни интервјуа со: бизнис ангели, претставници на фондови за вложување капитал, агенции за MSMEs, и други организации за бизнис развој; медиумски преглед, и проучување на литературата. Крајниот извештај за истражувањето, насловен Bridging the Gap: Access to Risk Finance for Early Stage SMES in Southeast Europe е достапен тука.

 


Research On Perceptions Of Coruption In the Business Sector In the Western Balkans

Проектот се состоеше од  регионално квантитативно и квалитативно истражување на перцепциите за и ставовите кон корупцијата во бизнис секторот во земјите од Западен Балкан. Работата вклучуваше целосен дизајн и примена на истражувањето, вклучувајќи: дизајн на прашалник, телефонско анкетирање на околу 1.800 бизнис менаџери од 7 земји од Западен Балкан (10 анкетари - тренирани, организирани и надгледувани), анкети (веб, лице во лице, пишани прашалници) на 1.340 млади луѓе од Западен Балкан, 133 квалитативни интервјуа со бизнис сопственици и менаџери од 7 земји од Западен Балкан (околу 20 испитаници од една земја), организација и анализа на податоци, и  презентација на крајните резултати од истражувањето.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Маркетинг истражувања


(Ново) Пазарот на станови во Република Северна Македонија. Анкетно испитување на ставовите на купувачите и потенцијалните купувачи, 2019. 

60 табели и графикони, pdf формат, цена: 7.500 денари (со вклучен ДДВ). 

Потрошувачка на кафе, 2018.
31 табели и графикони, pdf формат, цена: 6.500 денари (со вклучен ДДВ)

Потрошувачка на јогурт, 2018.
36 табели и графикони, pdf формат, цена: 6.500 денари (со вклучен ДДВ)

Потрошувачка на кисело млеко, 2018.

37 табели и графикони, pdf формат, цена: 6.500 денари (со вклучен ДДВ) 

Потрошувачка на газирани пијалоци, 2018.
31 табели и графикони, pdf формат, цена: 6.500 денари (со вклучен ДДВ)

Потрошувачка на млеко, 2018.
34 табели и графикони, pdf формат, цена: 6.500 денари (со вклучен ДДВ)

Потрошувачка на негазирани пијалоци, 2018.

35 табели и графикони, pdf формат, цена: 6.500 денари (со вклучен ДДВ)

Потрошувачка на кашкавал, 2018.

34 табели и графикони, pdf формат, цена: 6.500 денари (со вклучен ДДВ)

Потрошувачка на сирење, 2018.

34 табели и графикони, pdf формат, цена: 6.500 денари (со вклучен ДДВ)

Потрошувачка на сувомеснати производи, 2018.

40 табели и графикони, pdf формат, цена: 6.500 денари (со вклучен ДДВ)

Нарачки на: 
office@deso.mk, 02 529 70 29