Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

Skip Navigation Links

Општи услови

Овие Општи Услови за користење (,,Условите”) се склучуваат од страна на и помеѓу вас и ДеСо. Во врска со вашето користење и пристап до овој Интернет сајт, фајловите на ДеСо симнати на вашиот десктоп или останати веб-сајтови и услуги каде се објавени овие Услови или каде истите се јасно споменати (,,Услуги на ДеСо”), како и ветувањата и обврските во нив, а чија цел е да бидат јавно обврзувачки, вие и ДеСо сте согласни на следново: вашиот пристап до и користење на услугите на ДеСо подлежни на овие Услови, кои ја сочинуваат посебно објавената Изјава за приватност и останати политики, како и какви било измени кон нив, а издадени од страна на ДеСо и сите применливи закони и регулативи. Доколку кои било од услугите на ДеСо, посебно образложени или дополнителни услови за користење, изјава за приватност или друга политика (,,Посебни услови”), тогаш тие Посебни Услови кои може повремено да се менуваат, ќе се применуваат во врска со вашето користење на таа Услуга на ДеСо. До оној степен до кој постои директен судир помеѓу Посебните Услови и овие Услови, ќе преовладуваат Посебните Услови. СО КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА ДЕСО, ВИЕ СТЕ СОГЛАСНИ И ЌЕ СЕ СМЕТАТЕ ОБВРЗАНИ ОД СТРАНА НА ОВИЕ УСЛОВИ И ДРУГИ ПРИМЕНЛИВИ ПОЛИТИКИ. Доколку не сакате да сте обврзани со овие Услови или политики, не ги користете Услугите на ДеСо.

Меѓу другото, Услугите на ДеСо даваат информации во врска со различни  услуги, како и можноста да се добијат дополнителни информации во врска со тие услуги или за да се купат. Овие Услови и информациите кои се обезбедуваат со Услугите на ДеСо на ниеден начин не ги поништуваат условите за Вашето купување на било кој производ или услуга, освен ако не е посебно наведено тука. Доколку било која област во рамките на или карактеристика понудена од Услугите на ДеСо содржи посебни услови во врска со нејзината употреба (,,Посебни Услови”), овие Посебни Услови претставуваат дополнување кон овие Услови. Доколку постои директен судир помеѓу овие Услови, ќе преовладуваат Посебните Услови.


1. Промени во условите


ДеСо има право во било кое време и без претходна најава, по сопствено одлучување, да ги ревидира овие Услови или пак да наметне нови услови во врска со пристапот до или користењето на Услугите на ДеСо. Овие ревидирања и додатоци ќе стапат во сила веднаш по нивната најава, која може да се даде на било кој начин, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на објавување на ревидираните или дополнителни услови за Услугите на ДеСо. Вие сте одговорни за периодично разгледување на овие Услови во однос на било какви измени кон овие Услови кои може да влијаат на вашите права или обврски според ова. Вие се согласувате дека ќе се сметате за известени за или обврзани од било каква измена на овие Услуги од страна на ДеСо. СЕКОЈ ВАШ ПРИСТАП ИЛИ ВАШЕ КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА ДЕСО ПО ИЗВЕСТУВАЊЕТО ЗА РЕВИДИРАЊА ИЛИ ДОДАТОЦИ КОН ОВИЕ УСЛУГИ, ЌЕ ПРЕТСТАВУВА И ЌЕ СЕ СМЕТА ЗА ВАША СОГЛАСНОСТ КОН ОВИЕ РЕВИДИРАЊА ИЛИ ДОДАТОЦИ. Ниедни измени кон овие Услови направени од друго лице, а не од страна на ДеСо, нема да се сметаат за валидни или спроведливи спрема ДеСо освен ако не е јасно договорено на писмено од страна на ДеСо и потпишано од страна на прописно овластено службено лице на ДеСо.


2. Прекин


Овие Услови ќе бидат во сила до нивното укинување од страна на ДеСо. ДеСо може без најава и во било кое време да ги укине овие Услови кои се поврзани со Услугите на ДеСо. Во случај на прекин, вие повеќе немате право на пристап до овие Услуги на ДеСо, а ограничувањата кои ви се наметнати во однос на Содржината, како и демантите, обесштетувањата или одговорностите образложени во овие Услови ќе го надминат укинувањето.

ДеСо исто така има право без најава и во кое било време да ги укине некои или сите од услугите на ДеСо или која и да е нивна карактеристика или дел, или кои било производи или услуги понудени преку нив, или пак да го укине правото на кој и да е поединец за пристап или користење на услугите на ДеСо или која било нивна карактеристика или дел.


3. Почитување на законите


Вие се согласувате да ги почитувате сите применливи закони, статути, укази и регулативи во врска со вашето користење на услугите на ДеСо и ваше купување на производи или услуги преку нив. Мора да имате најмалку 18 години за да ги користите Услугите на ДеСо.


4. Содржина


Текстот, сликите, фотографиите, логата, илустрациите, описите, податоците и останатите материјали обезбедени од страна на ДеСо или преку Услугите на ДеСо, како и нивниот избор, составување или подредување, заеднички се именуваат како ,,Содржина”.

Содржината може да содржи грешки, пропусти или печатни грешки или може да е застарена. ДеСо може во кое било време и без никаква најава да ја промени, избрише или ревидира Содржината. Содржината се дава единствено за информативни причини и не обврзувачка за ДеСо на ниту еден начин освен до степенот до кој ова е особено назначено.

Освен ако не е поинаку објавено, сета Содржина е заштитена со авторски права, трговски марки, сервисни марки и останати сопственички права кои ги поседува ДеСо или трети лица кои го линценирале своето користење на ДеСо. Може да ја разгледувате и користите Содржината единствено за ваши лични информации, како и за пазарување и порачување на или преку услугите на ДеСо, и за ниедна друга цел. Освен, како што е изнесено во горниот текст, ДеСо не ви дава вам ниту пак на било кое друго лице право да го копирате, умножувате, изменувате, пренесувате, покажувате, објавувате, продавате, создавате неоригинални дела, јавно да го изведувате или дистрибуирате на ниеден начин, метод или процес, кој е сега познат или развиен во иднина, кој било дел од Содржината на или пренесена преку Услугите на ДеСо, вклучувајќи без ограничување пренесување, префрлање или пак друго преснимување на Содржината на диск драјв или друг медиум за зачувување. Се забранува какво било користење на Содржината, освен ова што е посебно дозволено во овие Услови или кое е јасно дозволено во содржината или е потпишано од страна на ДеСо во писмена форма.

ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПРОЦЕДУРА ЗА ПОДНЕСУВАЊА БАРАЊА ЗА ПОВРЕДА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА СОПСТВЕНОСТ


Доколку сметате дека Вашиот труд е прекопиран на начин кој претставува повреда на авторското право или пак вашите права за интелектуална сопственост се прекршени на поинаков начин, ве молиме да му ги доставите следниве информации во писмена форма на агентот за авторско право:


• Електронски или физички потпис на лицето кое е овластено да дејствува во името на сопственикот на авторското право или друг интерес во врска со интелектуалната сопственост;
• Опис на работата во врска со авторското право или друга интелектуална сопственост за која трврдите дека е сторена повреда;
• Опис за тоа каде е лоциран на веб-сајтот на ДеСо материјалот за кој тврдите дека има повреда, вклучувајќи го бројот на услугата на ДеСо, доколу истото е применливо;
• Вашата адреса, телефонски број, број на факс и имејл адреса;
• Ваша изјава дека имате верување со добри намери дека оспоруваното користење не е овластено од страна на сопственикот на авторското право или друга интелектуална сопственост, негов агент или законите;
• Ваша изјава, под казна за лажно сведочење, дека горните информации во Вашето Известување се точни и дека Вие сте сопственик на авторското право или друга интелектуална сопственост или сте овластени да дејствувате во името на сопственикот на авторското право или друг сопственик на интелектуална сопственост.


5. Поврзани сајтови со трети лица


Линковите со други интернет сајтови раководени од страна на трети лица, вклучувајќи и продавачи на ДеСо, не претставуваат спонзорство, рекламирање или одобрување од ДеСо на содржината, политиките или практиките на овие поврзани сајтови. ДеСо не ги раководи, контролира или одржува поврзаните сајтови, и ДеСо не е одговорен за достапноста, содржината, безбедноста, политиките или практиките на поврзаните сајтови, вклучувајќи без ограничување политики и практики за ограничување на приватноста. Линковите со други сајтови ви се нудат од практични причини, а кон нив пристапувате на сопствен ризик.


6. Цени; Порачки


Сите цени прикажани во Услугите на ДеСо се наведени во соодветна валута. ДеСо го задржува правото без претходно известување да ги прекине или промени спецификациите и цените на услугите понудени преку Услуги на ДеСо без навлекување на каква било обврска за Вас.  

Потврдувањето на нарачка не претставува прифаќањето на нарачката од страна на ДеСо. Пред прифаќањето на нарачка од страна на ДеСо, може да се побара верификација на информациите и одобрување на нарачката. ДеСо го задржува правото да ја прифати или одбие вашата нарачка, или кој било дел од истата, во кое било време по потврдата на вашата нарачка, дури и по вашиот прием на потврдување на нарачката од ДеСо, од каква било причина.

Поради различните валути, нивните стапки на конверзија и заокружувањето на цените, може да се појават ситуации каде што трансформацијата на цените во различни валути може да резултира со незначителни разлики во цените. Во случај кога производот или услугата се наведени со погрешна цена поради информации за цената на добавувачот или печатна грешка, ДеСо го задржува правото да одбие или откаже нарачка извршена за услугата наведени со погрешна цена, без оглед на тоа дали нарачката е потврдена а вашата кредитна картичка оптоварена. Ако вашата кредитна картичка веќе била оптоварена со набавката, а вашата нарачка е откажана, ДеСо веднаш ќе ви дополни кредит на вашата сметка на кредитната картичка за износот на погрешната цена.


7. Одрекување и ограничување на одговорноста во однос на веб страната deso.mk и содржината


ДЕСО НЕ ДАВА ГАРАНЦИИ ИЛИ КАКВИ БИЛО ПОТВРДИ ВО ОДНОС НА УСЛУГИТЕ НА ДЕСО ИЛИ КОЈ БИЛО ПОВРЗАН САЈТ ИЛИ СО НЕГОВАТА СОДРЖИНА, ВКЛУЧУВАЈЌИ ЈА И ДОСТАПНОСТА НА КОЈ БИЛО САЈТ ИЛИ СОДРЖИНАТА, ИНФОРМАЦИИТЕ И МАТЕРИЈАЛИТЕ НА НЕГО ИЛИ ТОЧНОСТА, ЦЕЛОСНОСТА, ИЛИ НАВРЕМЕНОСТА НА ТАА СОДРЖИНА, ИНФОРМАЦИИ И МАТЕРИЈАЛИ. ДЕСО ИСТО ТАКА НЕ ГАРАНТИРА ДЕКА ВАШИОТ ПРИСТАП ДО ИЛИ УПОТРЕБАТА НА УСЛУГИТЕ НА ДЕСО ИЛИ НА КОЈ БИЛО ПОВРЗАН САЈТ ЌЕ БИДЕ НЕПРЕКИНАТА ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ ИЛИ ИСПУШТАЊА, ДЕКА ГРЕШКИТЕ ЌЕ БИДАТ КОРИГИРАНИ, ИЛИ ДЕКА УСЛУГИТЕ НА ДЕСО ИЛИ НА КОЈ БИЛО ПОВРЗАН САЈТ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД КОМПЈУТЕРСКИ ВИРУСИ ИЛИ ДРУГИ ШТЕТНИ КОМПОНЕНТИ. БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ПРЕТХОДНО СПОМЕНАТОТО, СЕВКУПНАТА СОДРЖИНА ДОСТАПНА НА ИЛИ ПРЕКУ УСЛУГИТЕ НА ДЕСО СЕ ОБЕЗБЕДУВА ЗА КОРИСНИЦИТЕ КАКО ШТО Е БЕЗ КАКВА БИЛО ГАРАНЦИЈА, ИЗРАЗЕНА ИЛИ ИМПЛИЦИРАНА, ВКЛУЧУВАЈЌИ БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ ИМПЛИЦИРАНА ГАРАНЦИЈА ЗА ТРГУВАЊЕ И ПОДОБНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА ЦЕЛ, НАЗИВ, НЕ-ПРЕКРШУВАЊЕ, БЕЗБЕДНОСТ, ИЛИ НА КАКВА БИЛО ТРАНСАКЦИЈА ШТО ПРОИЗЛЕГУВА ПРЕКУ ИЛИ КАКО РЕЗУЛТАТ НА УСЛУГИТЕ НА ДЕСО. Ве молиме имајте во предвид дека некои надлежности нема да дозволат исклучување на имплицирани гаранции, така што некои од горните исклучувања може и да не се однесуваат на вас. Проверете ги вашите локални закони за какви било рестрикции или ограничувања во однос на исклучувањето на имплицирани гаранции.

ПОД НИЕДНИ ОКОЛНОСТИ ДЕСО, НЕГОВИТЕ ДОБАВУВАЧИ ИЛИ НИВНИТЕ ОДНОСНИ ДИРЕКТОРИ, СЛУЖБЕНИЦИ, ВРАБОТЕНИ ИЛИ АГЕНТИ НЕ МОЖЕ ДА БИДАТ ОДГОВОРНИ ЗА ВАС ИЛИ ЗА КОЈА БИЛО ТРЕТА СТРАНКА ЗА КАКВИ БИЛО ДИРЕКТНИ, ИНДИРЕКТНИ, ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ, ИНЦИДЕНТНИ, ПОСЕБНИ ШТЕТИ, ИЛИ ОШТЕТА, ИЛИ ПО ДОГОВОР ИЛИ ПО НЕИЗВРШУВАЊЕ, ВКЛУЧУВАЈЌИ НЕБРЕЖНОСТ, ПРОИЗЛЕГУВАЈЌИ НА КАКОВ БИЛО НАЧИН ОД ПРИСТАП ДО ИЛИ УПОТРЕБА НА ИЛИ НЕСПОСОБНОСТ ЗА ПРИСТАП ИЛИ УПОТРЕБА НА УСЛУГИТЕ НА ДЕСО ИЛИ НА КОЈ БИЛО ПОВРЗАН САЈТ ИЛИ НА НЕГОВАТА СОДРЖИНА, ВКЛУЧУВАЈЌИ БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ ИЗГУБЕН ПРОФИТ, ДЕЛОВЕН ПРЕКИН ИЛИ ЗАГУБА НА ПРОГРАМИ ИЛИ ДРУГИ ПОДАТОЦИ НА КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМИ ИЛИ СЛИЧНО, ДУРИ И АКО ДЕСО Е ЈАСНО ИНФОРМИРАН ЗА МОЖНОСТА ОД ТАКВИ ШТЕТИ.


8. Обесштетување


Вие сте согласни да го одбраните, обесштетите Девелопмент Солушнс, и нивните соработници и поврзани лица и нивните односни директори, службеници, вработени и агенти од и против сите побарувања, загуби, одговорности и трошоци (вклучувајќи без ограничување разумни адвокатски трошоци и судски трошоци), произлегувајќи од или поврзани со Вашето прекршување на овие услови или Вашиот пристап до или употреба на Услуги на ДеСо. Претходно споменатата обврска за обесштетување ќе го надвладее откажувањето на овие услови и функционирањето на Услугите на ДеСо или на кој било производ или услуга обезбедени за вас произлегувајќи од или поврзани со вашата употреба на Услугите на ДеСо.


9. Доставувања


Освен ако не е поинаку јасно нагласено во овој документ или во Изјавата за приватност на ДеСо што е посебно испратена, каква било комуникација или материјали што ги пренесувате до ДеСо преку Услугите на ДеСо по пат на електронска пошта или поинаку, вклучувајќи без ограничување каков било натпревар или обложувања, влезови, слики, фотографии, видео фајлови, аудио фајлови, есеи, прашања, коментари, предлози, и слично, се и ќе бидат третирани како недоверливи и несопственички и може да се употребат од страна на ДеСо, и нивните соработници или поврзани лица за каква било цел, вклучувајќи без ограничување умножување, изменување, откривање, пренесување, издавање, пренос и испраќање по пошта, како и за огласување, публицитет или промотивни цели на кои било медиуми без претходна дозвола, согласност, плаќање или друго разгледување, освен ако не е забрането со закон. Понатаму, ДеСо и нивните соработници и поврзани лица се слободни да употребуваат какви било идеи, концепти, знаења, или техники содржани во каква било комуникација што ја испраќате до ДеСо преку Услугите на ДеСо за каква било цел, вклучувајќи без ограничување развивање, производство и маркетиншки производи или услуги употребувајќи информации содржани во таа комуникација.


10. Разно


Овие Услови ја сочинуваат целосната согласност од страна на странките во однос на предметот на дискусија во овој документ и ги наследуваат сите претходни писмени или усни согласности меѓу странките во однос на овој предмет на дискусија. Никакво писмено откажување од страна на ДеСо на какво и да е прекршување или пропуст овде нема да се смета како писмено откажување на кое било претходно или последователно прекршување или пропуст. Ако некоја одредба од овие Услови е незаконска, поништена или од која било причина не стапува на сила, тогаш таа одредба треба да се смета како прекината од Условите и не треба да влијае врз валидноста и стапувањето на сила на други одредби од Условите. Насловите и придружните текстови во овие Услови се единствено со намера за погодност и на ниту еден начин нема да влијаат врз толкувањето на Условите. ДеСо нема да сноси одговорност за какво било неисполнување или одложување на исполнувањето предизвикано од страна на акт надвор од разумна контрола, вклучувајќи без ограничување акти или испуштања на трети странки,  војна, штрајк, заклучување на работни простории при штрајк, пожар, поплава, или друга елементарна непогода, кој било закон, регулатива, декрет, или друг акт или наредба на некој суд, влада или владина агенција, или одложувања, недостапност, грешки или други пропусти на Интернет или други информациони мрежи.