Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

ГРАНТОВИ И ТЕНДЕРИ

Skip Navigation LinksПочетна - Услуги - Грантови и Тендери

 

DeSo им помага на организациите да планираат, дизајнираат, подготвуваат и спроведуваат проекти финансирани од страна на ЕУ и други мултилатерални, билатерални, како и приватни донатори. DeSo поседува значителна експертиза за развој на проекти прилагодена кон специфичните потреби на различните клиенти, и напредно разбирање на барањата на различните донатори.

Услугите ги користат организации лоцирани во Западен Балкан, корисниците на ENPI инструментот, како и организации од ЕУ земјите членки.


DeSo клиенти и корисници се јавни и приватни организации кои работат во различни области како на пример образование, здравство, човекови права, социјален и економски развој, бизнис развој, технолошко истражување, заштита на децата, еманципација на жените, локален и регионален развој, социјална влкученост, маргинализирани групи, и младина.

 

DeSo редовно ги следи можностите за грантови и тендери на регионално и меѓународно ниво, и ги информира партнерите, клиентите и корисниците преку својата веб страна и преку редовни билтени.

 

Експерите на DeSo повремено пишуваат написи, мислења, и анализи за за различни меѓународни медиуми на теми поврзани со механизмите на меѓународна помош, меѓународното цивилно општество, како и менаџирање на грантови и проекти

 

DeSo е особено претпознатлива по своето искуство со различни ЕУ фондови како и фондовите финансирани од други донатори). DeSo ги советува клиентите и им помага да развиваат проекти за програми како што се: Cross-Border Cooperation, Creative Europe,Erasmus+, Europe for Citizens, Horizon2020, COSME, etc.