Саем на региони на Југоисточна Европа ќе се одржи во Радовиш од 7 од 9 јуни. Организатори на настанот се Општина Радовиш и Центарот за локален развој (ЦЕЛОР). Ќе бидат претставени чeтиринаесет региони од следните земји: Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Косово, Хрватска, Грција, Црна Гора, Молдавија, Данска и Македонија. Учество ќе земат и претставници на турското Министерство за култура.
Целта на саемот е да се интензивира регионалната соработка на стопанско и културно ниво помеѓу земјите учеснички, да се разменат искуства, производи и услуги и вооспостават нови мосотви за соработка помеѓу регионите на ЈИЕ, се вели во соопштението на организаторите.
Покрај саемскиот, предвиден е и форумски дел на следните теми: „Културна соработка и туризам,“ „Животна среднина и енергетска ефикасност“ и „Регионални политки и прекугранична соработка“ на регионите на ЈИЕ.
Краен рок: 07 Јуни 2012
За повеќе информации кликнете тука