Фондот за иновации со третиот повик доделува 30.000 евра по предлог проект преку
Инструментот за поддршка Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва
старт-ап и спин-оф. За овој инструмент може да добијат средства за микро, мали и средни
претпријатија кои постојат не подолго од 6 години во моментот на аплицирање до Фондот.
– Најголемиот дел од апликациите се за проекти од ИТ индустријата, образование, управување
со човечки ресурси, но има и доста проекти што се занимаваат со нови технологии и слично,
изјави Јасмина Поповска, директорка на Фондот за иновации, одговарајќи на новинарски
прашања на денешната прес-конференција за повиците за натпревари за софтверски
решенија за градскиот превоз во Скопје…(link)