Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

REG/ ЗГОЛЕМЕН КАПАЦИТЕТ НА КОРИДОРИТЕ ЗА ПОДОБРА КОХЕЗИЈА СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЕУ И СОСЕДСТВОТО

Skip Navigation LinksHome - News
Published on: 31-10-2014 Back

Делегацијата на ЕУ го одобри предлог-проектот за изработка на основниот проект за
 делницата Крива Паланка-Деве Баир (граница со Република Бугарија) со средства од
 инструментот ИПА во висина од 3,5 милиони евра.

 На 15.10.2014 година е распишан јавен повик за избор на консултант кој ќе треба да
 го изработи основниот проект за рок од 22 месеци. Со изработката на основен проект
 за оваа делница ќе се заокружи целиот проект за железничкиот Коридор 8, односно
 железничката пруга кон Бугарија со комплетна проектна документација. Рокот за
 пријавување е до 20.11.2014 година.

 Првичните проценки се дека изградбата на оваа делница ќе чини 330 милиони евра,
 но точната сума ќе се знае по изработката на основниот проект. Проектната
 документација ќе биде основа за понатамошни инвестиции во градежни активности.

Во тек е изградбата на првата железничката делница од оваа пруга, на делот од Куманово до Бељаковце во должина од 31км. Според договорот со компанијата Вибе изградбата на оваа делница ќе чини 39 милиони евра а се планира да се заврсши во третиот квартал на 2016 година...(link)

 

Back