MAC/ ИПА 2: 664,2 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА МАКЕДОНИЈА
Published on: 17-11-2014
Back
Со програмата ИПА 2, Македонија од ЕУ на располагање ќе добие 664,2 милиони евра за
реализација на конкретни и стратешки приоритети од повеќе области како - владеење
на правото, животна средина, транспорт, конкурентност, образование, вработување.
Ова е документ што значи директна поддршка од ЕУ за Македонија а поголемиот износ
значи и поголема одговорност да ги користиме средствата на поефикасен начин смета
вицепремиерот Фатмир Бесими.
Евроамбасадорот Аиво Орав вели дека Европската помош ќе и помогне на земјава да
ги исполни стандардите за идното членство во Унијата.
Првите проекти можат да почнат со реализација до крајот на 2015-та.
Степенот на искористеност на ИПА 1 е 39 проценти, а до крајот на годинава се очекува да достигне 45 проценти...(link)
Back