Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

MAC/ ОПШТИНА ШТИП ЗАПОЧНА СО ПРОЕКТОТ ЗА МУЛТИМЕДИЈАЛЕН ЦЕНТАР ПРЕКУ ИПА ПРОГРАМАТА СО ДВЕ БУГАРСКИ ОПШТИНИ

Skip Navigation LinksHome - News
Published on: 11-03-2014 Back


 

www.vostip.mk Денес во Штип беше означен конкретниот старт на проектот „Вмрежување
 на мултимедијални центри во прекуграничниот регион-Креатива“ кој е финансиран преку
 ИПА програмата за прекугранична соработка на ЕУ. Носител на проектот е Центарот за
 развој на Источниот плански регион со седиште во Штип и народното читалиште
 „П.Р.Славејков-1938“ од с.Брезница, Општина „Гоце Делчев“ од Бугарија.

 Вредноста на проектот е 448.840 евра, од кои Општина Штип ќе добие 300.000 евра а
 бугарската страна 148.000 евра. Општина Штип со овој проект ќе го реконструира летното
 кино кое ќе биде претворено во мултимедијален центар а с.Брезница од Општина „Гоце
 Делчев“ ќе го обнови народното читалиште.

 Проектот се спроведува од 18 декември 2013 па до 17 декември 2015 а денешната средба
 означува старт на конкретни активности за реализација на ова вмрежување на мултимедијалните центри.


Прочитајте ја целата вест
тука


Back