Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

ПРОЕКТ: ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ЕДУКАТОРИТЕ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ДАЛЕЧИНА СО ИКТ АЛАТКИ

Skip Navigation LinksHome - News
Published on: 21-12-2020 Back


 ДеСо го спроведува проектот Зајакнување на капацитетите на едукаторите за образование на далечина со ИКТ
 алатки
. Проектот е поддржан од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија. Проектот претставува
 продолжување на повеќегодишните заложби на ДеСо да поддржи  и промовира користење на ИКТ алатки во различни
 форми на образовен процес.


Главната цел на проектот е да ги зајакне вештините на лицата вклучени во образовен процес да користат видеоконференциски алатки во процесот на онлајн настава. Проектот е насочен кон наставен кадар во формално образование (основно, средно и високо образование), но и едукатори во неформално образование. Во рамки на проектот се подготвува Водич за едукатори, со практични совети за користење специфични ИКТ алатки за обезбедување интеракција, поддршка на групна работа, вежби, како и планирање, реализација и евалуација во наставниот процес.

Како дел од проектот ќе се одржи серија онлајн обуки за наставници во формално образование и едукатори во неформално образование, со цел да ги поддржи во примената на виодеоконференциски алатки за изведување на настава на далечина. Преку практични примери, онлајн обуките ќе имаат за цел да поддржат поголема интеракција и квалитет во онлајн наставата и да обезбедат насоки за надминување на некои од честите технички проблеми при реализација на онлајн настава.

 

 

 

Back