МКД / ДОНАЦИЈА ОД БУГАРИЈА ЗА ПОДДРШКА НА СТУДЕНТИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ
Published on: 26-09-2020
Back
На Филозофскиот факултет во Скопје вчера беше презентирана опремата добиена во рамки на проектот „Служба за поддршка на студенти со попреченост и работилница за изработка на дидактички материјали“ што факултетот го реализира во партнерство со Здружение на граѓани за едукација на млади План Б. Проектот е финансиран од програмата „Бугарска соработка за развој“. Во рамки на проектот, Филозофскиот факултет во Скопје, односно Институтот за специјална едукација и рехабилитација, добива опрема и асистивни уреди (Брајов принтер, 3Д принтер, два персонални компјутера со тастатури прилагодени за студенти со засегната фина моторика, два колор печатачи, машинка за пластифицирање и рачен нож за хартија).
За повеќе информации кликнете тука.
Back