Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

MKD / РЕСПИРАТОРИТЕ ДОНИРАНИ ОД КРАЛСТВОТО НОРВЕШКА ПРИСТИГНАА ВО ДРЖАВАТА

Skip Navigation LinksHome - News
Published on: 02-06-2020 Back


 Дваесет респиратори, донирани од Кралството Норвешка како поддршка на Владата на Северна
 Македонија за справување со КОВИД-19 пристигнаа во земјата. Десет респиратори се наменети
 за потребите на болницата 8 Септември, а преостанатите 10 ќе бидат распределени во
 здравствените установи во земјата, односно во клиничките болници во Тетово, Битола и во
 Штип, каде што ќе се испратат по две респираторни машини, и по еден апарат во општите
 болници во Струга, Охрид, Прилеп и во Струмица.

 Набавените дваесет респиратори значително ќе ги зајакнат капацитетите на здравствениот
 систем за справување со можниот втор бран на КОВИД-19, и ќе ги зголемат можностите за
 обезбедување на соодветна нега на пациенти со респираторни проблеми. Овие респиратори со
 високи перформанси може да обезбедат неинвазивна вентилирачка терапија и во ситуации на транспорт за сите возрасни групи на пациенти, од возрасни до педијатриски, и се одобрени за респираторна терапија во болници, амбуланти, единици на интензивна нега и транспортни единици.


За повеќе информации кликнете тука

 

 

Back