MKD/ ОБЈАВЕН НОВ ПОВИК ОД ИПАРД 2, 16,6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ФАРМИ МИКРО И МАЛИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
Published on: 04-10-2019
Back
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави Јавниот повик
за Мерката 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ од ИПАРД 2 Програмата.
Вкупно на располагање за реализација на инвестиции по оваа мерка се 16,6 милиони евра.
Заинтересираните апликациите може да ги достават најдоцна до 18- ти ноември 2019 – та година.
Оваа мерка овозможува инвестиции во модернизација на постоечките или отворање на нови
погони за производство на тестенини, пијалоци, колачи, пекарски производи, фарми за
одгледување на зајаци, дивеч, насади за дрва и дрвена маса, аквакултурни фарми за слатководна
риба, сместувачки капацитети како и отворање на ресторани кои нудат угостителски услуги.
За повеќе информации кликнете тука.
Back