Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

MAC/ ПАТУВАЧКИОТ АВТОБУС НА ЕУ ЌЕ ПОСЕТИ ОСУМ ГРАДА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА 2019

Skip Navigation LinksHome - News
Published on: 17-05-2019 Back

   Како дел од кампањата „ЕУ за тебе" патувачкиот автобус на ЕУ со претставници од Делегацијата   на Европска Унија, амбасадори од неколку земји членки на ЕУ, студенти и претставници на   медиуми ќе посетат осум града низ земјава, во периодот 20-31 мај 2019.

 
   Целта на патувачкиот автобус на ЕУ, организиран од Делегацијата на Европска Унија, е да се   воспостави директна комуникација со граѓаните и да се дискутира за нивните надежи и грижи во   врска со Европската Унија и европската иднина на Северна Македонија.
 
   Граѓаните ќе имаат можност да постават прашања поврзани со Европската Унија, процесот на   пристапување во ЕУ, можностите за финансирање преку ИПА и други програми за помош на ЕУ,   преку директна комуникација со екипата на ЕУ патувачкиот автобус.
 
                                                                   За повеќе информации кликнете тука  
Back