Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

MAC/ ЕУ СО 250 ИЛЈАДИ ЕВРА И ПОМАГА НА МАКЕДОНИЈА ДА ВОСПОСТАВИ ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА БОРБАТА ПРОТИВ ФАЛСИФИКУВАЊЕ ПАРИ

Skip Navigation LinksHome - News
Published on: 15-01-2019 Back
 
  Воспоставувањето цврст и ефикасен систем за заштита на националните финансиски интереси     и на финансиските интереси на ЕУ, преку ефикасно следење на фалсификувањето евра е целта     на твининг лајт проект, кој се спроведува од 1 ноември минатата година со парични средства од     Европската унија, во износ од 250 илјади евра.
 Проектот „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување на еврото“ ќе     трае осум месеци, а негови крајни корисници се Одделот за сузбивање на организиран и     сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност во МВР и Народната банка на Република     Македонија. Денеска во просториите на Народната банка се одржа Конференција, како почетен     настан на твининг проектот, на која учесниците го посочија значењето на овие активности во     насока на реформите што Македонија ги спроведува на патот кон ЕУ, а пред се во сферата на     борбата против корупцијата, организираниот криминал и воспоставување на владеењето на правото.

За повеќе информации кликнете
тука


 
Back