Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

ВЕБИНАР: ВОВЕД ВО ОНЛАЈН НАСТАВА – РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОНЛАЈН ЧАСОВИ И НАСОКИ ЗА ЕФЕКТИВНА НАСТАВА

Skip Navigation LinksHome - Item
Deadline: 20-11-2020 Location: North Macedonia Back

 



Датум: 20.11.2020
Почеток: 17 часот
 
Времетраење: 120 минути
Јазик: македонски
 
Теми: 
Вебинарот има за цел да ги претстави, преку практични примери и дискусија со учесниците, основните алатки за реализација на онлајн настава, обезбедување интеракција со учениците, поддршка за групна работа и оптимална вклученост на учениците во онлајн наставата. Во рамки на обуката ќе бидат застапени следните поттеми:
 
- Основни алатки за поставување и закажување онлајн час
- Основни алатки за споделување содржини
- Основни алатки за интеракција и групна работа при онлајн час
- Алатки за одржување мотивација и интерес кај учениците
- Алатки за евалуација
- Најчести технички проблеми при онлајн час и како да се надминат
- Дискусија со учесниците на обуката околу специфични прашања во врска со организација на онлајн настава.
- Содржините на обуката ќе вклучуваат преглед на неколку видеоконференциски платформи: MS Teams, Zoom и Webex.
 
Повеќе за проектот во чии рамки се организира вебинарот може да дознаете тука.
  
Упатство за учесниците:​

- Потребна е следната опрема: компјутер со камера, микрофон и слушалки;
- Се препорачува учесниците да ја проверат својата опрема пред почетокот на вебинарот;
- Потребен е добар, стабилен интернет;
- Се препорачува учесниците да користат квалитетен хедсет (слушалки+микрофон), за подобар квалитет на комуникацијата;
- Се препорачува учесниците да ја проверат својата опрема (аудио и видео) пред почетокот на вебинарот;
- Им се препорачува на учесниците да го следат вебинарот од добро осветлена просторија (светлото да не им доаѓа од зад грб) за да
  можат подобро да комуницираат со другите учесници;
- Учесниците треба ги следат насоките за учество дадени на почетокот на сесијата од страна на предавачот;
- Препорачливо е учесниците да се вклучат во сесијата 20-ина минути пред почетокот на предавањето, за да го проверат квалитетот на
  аудиото и видеото.
 
Доколку сакате да научите нешто повеќе околу ова, пријавете се на angelina.mickoska@deso.mk.
 
Проектот е финансиран од Амбасадата на САД.
 



 
Back