Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

ВЕБИНАР / ДЕСО / КАКО ДА ОРГАНИЗИРАТЕ ЕФЕКТИВНА ОНЛАЈН НАСТАВА?

Skip Navigation LinksHome - Item
Deadline: 26-03-2020 Location: North Macedonia Back



Тема: Како да организирате ефективна онлајн настава?


Датум и време: 26.03.2020; 12 часот
Траење: 60-90 минути

Теми:

  • Алатки за онлајн настава
  • Како да организирате онлајн час
  • Интеракција до ученици во онлајн настава
  • Поддршка при учење

ДеСо, во соработка со партнерите од регионот, од 2015-та година работи на долгорочна програма за промовирање на едукацијата преку интернет. Во овој период повеќе од 400 образовни организации, 800 наставници и обучувачи, и повеќе од 2.000 млади луѓе од земјата и регионот земале учество во образованите вебинари организирани од ДеСо и неговите пертнери.

Технологијата меѓу другото претставува одлична можност за образованието на луѓето кои поради различни причини не можат да присуствуваат на традиционална настава или обука, истата да ја проследат преку една виртуелна училница. Можностите за учење од далечина дополнително се проширија со развој на нови технологии за мрежно образование, кои овозможуваат часови „во живо“ со директна, визуелна и вербална комуникација помеѓу предавачот и слушателите на едукативниот вебинар, како и меѓу самите учесници. ДеСо, заедно со партнерите во проектот работат на регионално промовирање на употребата на едукативни вебинари, помагајќи да се зајакне понудата и побарувачката на едукацијата преку интернет.

Упатство за учесниците:​

  • Потребна е следната опрема: компјутер со камера, микрофон и слушалки;
  • Се препорачува учесниците да ја проверат својата опрема пред почетокот на вебинарот;
  • Потребен е добар, стабилен Интернет;
  • Се препорачува учесниците да користат квалитетен хедсет (слушалки+микрофон), за подобар квалитет на комуникацијата;
  • Се препорачува учесниците да ја проверат својата опрема (аудио – зборување и слушање) пред почетокот на вебинарот;
  • Им се препорачува на учесниците да го следат вебинарот од добро осветлена просторија (светлото да не им доаѓа од зад грб) за да можат подобро да комуницираат со другите учесници;
  • Учесниците треба ги следат насоките за учество дадени на почетокот на сесијата од страна на предавачот;
  • Препорачливо е учесниците да се вклучат во сесијата 10-15 минути пред почетокот на предавањето, за да го проверат квалитетот на аудиото и видеото.

Доколку сакате да научите нешто повеќе околу ова, пријавете се на angelina.mickoska@deso.mk.

 

 

Back